Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“. Plusinfo
Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“.
Интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени е прв и единствен на државните клиники во земјава со чија употреба значително ќе се подобрат резултатите за време на „златниот час“ – првиот час по раѓањето на новороденчето, транспортната патека и престојот во Одделението за интензивна нега при неонатолошкото одделение. Plusinfo