Во текот на денешниот ден ќе следуваат нови едукативни средби со учениците од средните училишта „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, а попладнево се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија Како дел од одбележувањето, на 20 ноември, претставници од Агенцијата ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.
Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото најавува и посебен настан - Mentors Awards 2023, кој ќе се одржи на 21 ноември, а е поддржан од Јапонската Агенција за меѓународна соработка JICA. Kanal5
Од 18 до 24 ноември 2024 година, Агенцијата за поддршка на претприемништвото ќе ја одбележи Европската недела на претприемништвото со богата програма од активности насочени кон едукација и инспирација на младите и претприемачите ширум Македонија. Faktor