Заработката на членовите на управните одбори на компаниите котирани на германската берза во деловната 2023 година се зголемила во просек за единаесет проценти и достигнала рекордни 2,65 милиони евра, покажува новата студија на ревизорската компанија EY. Директорите на компаниите од DAX заработуваат во просек по 5,7 милиони евра, додека директорите на компаниите од MDAX заработуваат 3,5 милиони евра и на крајот менаџерите од SDAX - „само“ 2,1 милиони евра. Faktor