Производната цена на електричната енергија во нашиот најголем капацитет РЕК Битола, во моментов изнесува 136 евра, додека на ниво на ЕСМ таа цена е нешто повеќе од 118 евра, за мегават-час.
Сепак, не можеме само така грубо да ги гледаме податоците, туку одиме чекор понатаму и размислуваме, анализираме и се подготвуваме за тоа што следи, а тука мислам на планските активности на компанијата за наредната година – рече Зоран Коњановски, директорот на производство во ЕСМ, во интервјуто за ТВ Магазинот 360 во контекст на претстојното поднесување на понудата до Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за потребите на домаќинствата и загубите на електродистрибуција, која до крајот на месецов ЕСМ треба да ја достави за периодот јануари-јуни 2025 година“.