Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене - ја има, ова му го напиша доцна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на претседателот на Град Скопје, откако претходно денеска п риватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.
Приватните превозници ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледано нивното барање за зголемување на таксата по километар.
Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави вечерва за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозиците.