Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелските власти официјално потврдија дека одбранбените сили на земјата (ИДФ) го убиле поранешниот политички лидер на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, што се случи претходно оваа година во Техеран и предупредија дека војската ќе го „обезглави“ и раководството на јеменските бунтовници хути, јавуваат светските медиуми.