Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јоџи Муто, ја оцени како погрешна и несфатлива одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ја блокира продажбата на Ју-Ес Стил (US Steel) на јапонската компанија Нипон Стил (Nippon Steel). Муто рече дека сега постои загриженост за иднината на инвестициите меѓу САД и Јапонија, објави јапонската телевизија НХК.
Тој најави и дека јапонската Влада ќе побара од администрацијата на Бајден подетално да ја објасни својата одлука.