Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Денеска, на најголемата светска крипто-берза Binance, вредноста на биткоинот се намали за 5,3 отсто, достигнувајќи 92.664,16 евра во 15:15 часот.
Пазарот на криптовалути бележи општ пад, при што многу актива се тргуваат со значително намалени вредности.
Денеска во 15 часот и 15 минути на најголемата светска берза за криптовалути, Binance, вредноста на биткоинот падна за 5,3 отсто на 92.664,16 евра, а така да се каже, целиот пазар денеска е „во црвено“, односно бележи пад во вредноста. A1on
И покрај овој пад, индексот на страв и алчност за биткоин останува на ниво 70, што го става во категоријата „алчност“ – показател дека расположението на инвеститорите е сè уште позитивно.
Падот на биткоинот влијаеше и на други водечки криптовалути: Итриум (ETH): намалување од 7,67% на 3.257,27 евра Бајнанс коинот (BNB): пад од 3,96% на 675,47 евра Солана (SOL): пад од 7,58% на 191,74 евра Аваланш (AVAX): намалување од 10,84% на 37,19 евра Дури и Тонкоин (TON), криптовалутата на Телеграм, се тргува со 7,66% пониска вредност, на 5,13 евра. Netpress
Биткоинот има прилично силна регулаторна поддршка, со фјучерс договори, ETF, опции и многу повеќе, но алткоините заземаа релативно сива зона и со години беа цел на Комисијата за хартии од вредност, која сметаше дека многу криптовалути се нерегистрирани хартии од вредност.
Затоа, изгледите за поволна крипто-регулација ќе бидат главниот двигател на движењата на цените на алткоинот во 2025 година. Faktor
Падот на биткоинот влијаеше и на други водечки криптовалути: Итриум (ETH): намалување од 7,67% на 3.257,27 евра Бајнанс коинот (BNB): пад од 3,96% на 675,47 евра Солана (SOL): пад од 7,58% на 191,74 евра Аваланш (AVAX): намалување од 10,84% на 37,19 евра Дури и Тонкоин (TON), криптовалутата на Телеграм, се тргува со 7,66% пониска вредност, на 5,13 евра.
Сепак, биткоинот, итриумот и рипл (XRP) остануваат најтргуваните актива. Press24
Биткоинот е класифициран како стока и веќе има место ETF и фјучерси како средства за тргување „trad-fi“.
Спротивно на тоа, дефиницијата за други крипто средства е понеизвесна, велат аналитичарите, додавајќи дека опсегот на опции за инвестирање е исто така поограничен. Faktor
Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка е првиот проект кој се завршил навреме во историјата на Македонија.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остави работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер.
Овој успех е продолжение на позитивниот тренд во сите четири квартали од минатата година и се должи на континуираниот раст на приходите од продажба на домашниот, како и на странските пазари.
Најмалку 3,3 милиони луѓе во Германија работеле на црно минатата година, објави Германскиот економски институт.
Германската влада денеска усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите, проект критикуван од адвокатите и потомците на жртвите, но одобрен од Централниот совет на Евреите.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи пуштија во употреба нов 400/110 kV трансформатор кој е инсталиран во трансформаторската станица (ТС) Битола 2. Пуштањето во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор значи многу за овој регион, истакна министерката Божиновска на промотивниот настан во ТС Битола-2. -Трансформаторот значи многу за овој регион и се надевам дека и останатите проекти навремено ќе бидат извршени.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.