Novamakedonija
Притоа растот на приходите и расходите во однос на претходната година е околу 10%, а буџетскиот дефицит е понизок од планираното за 2,5 милијарди денари и е на ниво од 4,4% од БДП, соопшти Министерството за финансии (МФ). Вкупните приходи во Буџетот за 2024 година се реализирани во износ од 306,3 милијарди денари или 96,3% од планираното.
Приходите од даноци и придонеси се реализирани во целост односно 99,7%, додека само од даноци остварувањето е 99,2%. Кај данокот на личен доход има остварување од 101%, данокот на додадена вредност 103,8%, кај данокот на добивка има оставрување од 95,6% и увозните давачки се со остварување од 95,3%. Реализацијата на приходите во Буџетот, посочуваат од МФ, е согласно планираното со Ребалансот. Novamakedonija