Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5.7 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. Novamakedonija