Формирање на посебно тело кое ќе функционира по системот One Stop Shop и кое ќе ги има сите податоци за измените на законите во земјата, подобрување на исплатата на државната помош, олеснување на постапките за странските работници како и брза реакција на случувањата во Европа за да се задржат странските инвеститори во земјата се главните барања на странските инвеститори кои произлегуваат од анкетата за 2024 година која беше презентирана денеска во Стопанската комора.
Инвеститорите ги наведуваат како главни ризици во работењето немањето доволен број и квалитетни работници, намалување на нарачките, зголемувањето на цената на репроматеријалите и компонентите, условите за водење на бизнисот, како и корупцијата, инфраструктурата и неусогласените царински стапки за увоз на репроматеријали со оние во Европската Унија кои ги прават неконкурентни нивните производи на европскиот пазар. Plusinfo
„Лојалноста не е најважната работа, туку некој да верува во тоа што сакате да го постигнете и каде сакате да ја однесете организацијата; да креирате ентузијазам и желба луѓето со жар и волја да работат на постигнување на заедничката цел“, потенцираше Мизо.
Во продолжение на подкастот тој зборува за важноста на човечкиот кадар, на неговата едукација и неговото доусовршување, кои треба да бидат континуирани, да нема застој и да има систем кој ќе се надградува. Faktor
Формирање на посебно тело кое ќе функционира по системот он стоп шоп и кое ќе ги има сите податоци за измените на законите во земјата, подобрување на исплатата на државната помош, олеснување на постапките за странските работници како и брза реакција на случувањата во Европа за да се задржат странските инвеститори во земјата се главните барања на странските инвеститори кои произлегуваат од анкетата за 2024 година која беше презентирана денеска во Стопанската комора. Plusinfo
Ова посебно важи за автомобилскиот сектор.
Се бориме за зголемување на обемот на некои компании за да останат тука, а не намалување на обемот и нивно заминување од тука – Мизо Тој рече дека засега не се разговарало со владата за мерки за помош на компаниите кои се зафатени со кризата, но смета дека доколку има такви мерки тие би требало да бидат за задржување на работните места, а како тоа ќе се реализира треба да одлучи владата. Plusinfo