„Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени со оваа програма да се стекнат со финансиска поддршка и тоа намалување на месечна сметка за потрошена електрична енергија од 1.000 денари во времетраење од 12 месеци“, изјави Митева, портпарол на Владата, по денешната одржана владина седница.