Во еден таков контекст се обидов да го пренесам изворно, можеби не интегрално, но во еден најголем дел, инаугуративниот говор на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, и да ја пренесам неговата порака уште посилно во јавноста, преку страниците на нашиот весник „Нова Македонија“, со надеж дека пораките за универзалните човечки вредности, почитување на својот интегритет, сувереност, традиција, јазик и култура ќе бидат запаметени и од нашите читатели и граѓани, а ќе се отвори пат на широка комуникација и соработка со хрватскиот народ и држава.