Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „административни и помошни услужни дејности“ (13,2 %), „транспорт и складирање“ (12,3 %) и „рударство и вадење на камен“ (12 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ (13,4 %), „административни и помошни услужни дејности“, „градежништво“ (7 %) и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (5,6 %). Највисока просечна плата во декември имало во воздухопловниот транспорт од 136.702 денари.