За проблемите на граѓаните кои излегуваат поради трасирањето на Коридор 8 од страна на конзорциумот Бехтел и Енка, Владата нема многу ингеренции и може само да ги замоли за помош. Novamakedonija
Владата нема многу ингеренции за решавање на проблемите на граѓаните кои се незадоволни од трасата на автопатот од Коридорот 8 бидејќи според договорот што го направила поранешната влада трасирањето го прави конзорциумот „Бехтел и Енка“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски на прашање дали Владата ќе им помогне на жителите на гостиварското село Здуње кои бараат автопатот да се тргне од нивните гробишта. Plusinfo