Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. A1on
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Градежништво, Преработувачка индустрија и Финансиски дејности и дејности на осигурување.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесува 64.697 денари. Novamakedonija
Се работи за Градежништвото со минус 6,6 отсто и просечно исплатени 38.435 денари, за Преработувачката индустрија (-5,4%) каде што е 37.021 денар и за Финансиските дејности и дејностите на осигурување чиј просек е намален за 4,5 проценти и изнесува 57.903 денари.
Најниската просечна плата од 30.932 денари во јануари е исплатена во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Libertas
Просечната бруто плата по вработен во јануари изнесувала 1.925 евра, што е зголемување од 2,6% номинално и 2,5% реално во однос на декември.
Во споредба со јануари 2024 година, бруто платата е повисока за 13,6% номинално и 9,2% реално. Netpress