1 (12) ■ бизнис > македонија ■ 09-Apr 10:07 -> 10-Apr 19:21
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска : Ребаланс на буџетот во текот на летото, сега ќе има мини прераспределба

  • Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија

Ребаланс на буџетот ќе има и очекувано е тоа дека ќе се случи, но очекувам да биде во летниот период.

Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.

3 (110) ■ вести > свет ■ 08-Apr 07:53 -> 10-Apr 19:33
.
.
.
.

ЦАРИНИТЕ ЗА КИНА СЕ 145 ОТСТО Трамп дополнително ги зголеми

  • Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

  • САД: Земјите што не возвратија на царините ќе бидат наградени

  • Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп

Производите кои доаѓаат од Кина ќе подлежат на царини од најмалку 145 отсто, појасни денеска Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.

Секретарот за финансии на САД Скот Бесент се обрати пред медиумите во обид да ги разјасни коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за новите трговски царини.

Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки како одговор на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ксинхуа.

4 (32) ■ вести > свет ■ 08-Apr 08:50 -> 10-Apr 14:09
.
.
.
.

Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за паузирање на царините: Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија

  • Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во воведување на царините

  • (ВИДЕО) Европската унија е формирана за да им направи штета на САД

  • ЕУ на 90 дена го паузира одговорот на царините на Трамп

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп „да го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки од десетици земји за период од 90 дена, оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ги паузира новите „реципрочни царини“ за повеќето земји на 90 дена за да овозможи преговори, јави ДПА.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари ако сака да ги избегне широките царини наметнати од неговата администрација.

Европската комисија одлучи да ги паузира контрамерките против американските царини за алуминиум и челик на 90 дена, откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата одлучи да ја запре примената на реципрочните царини, исто така за 90 дена.

6 (13) ■ вести > македонија ■ 08-Apr 17:00 -> 10-Apr 17:54
.
.
.
.

Судскиот совет и тетовските судии сметаат дека Ферати донел законска пресуда за прегазувањето на младата Теодора

  • Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

Во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска од Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од две години, како што пресудил Апелацискиот суд Скопје во првичната постапка, пресече денеска Судскиот совет откако работна група го разгледа предметот и го предаде на целокупниот состав на советот на разгледување.

Судскиот Совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска.

8 (16) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Apr 12:40 -> 10-Apr 14:06
.
.
.
.

Голема акција на Обвинителството: Паднаа 43 лица за „брзи кредити“

  • Поведена постапка против 43 лица за измами со „брзи кредити“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“, се вели во соопштението на ЈО За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами.

10 (7) ■ вести > македонија ■ 08-Apr 15:37 -> 10-Apr 17:58
.
.
.
.

Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

  • НУБ „откри“ 2600 примероци од Правописот од 2017 година чувани во несоодветни услови

По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за дистрибуција на примероци од Правописот на македонскиот јазик во сите основни училишта низ државата.

Јовица Никчевски, директор на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во објава на социјалните медиуми сподели дека при вршење попис на дел од капиталните проекти кои се наоѓаат моментално во Библиотеката, утврдиле дека меѓу нив се наоѓаат и повеќе од 2600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година). „По извршен увид во архивата и документацијата на Библиотеката утврдивме дека во 2018 година НУБ аплицирала и добила проект од областа на заштитата на културното наследство (библиотечна дејност) од национален интерес од Министерството за култура за Правописот на македонскиот јазик во вредност од 1 400 000 денари со цел исплата на еднократен надомест на носителите на правата на Правописот“, стои во објавата во која понатаму се вели дека согласно проектот НУБ требало веќе испечатените примероци кои ги добила да ги дистрибуира до сите јавни установи и институции во Република Македонија каде што е потребно.

Повеќе од
оваа категорија

22 (6) ■ спорт > фудбал ■ 10-Apr 14:14 -> 10-Apr 17:47
.
.
.
.

Се е подготвено: Македонија добива ВАР!

  • ФФМ: Постапката за имплементација на ВАР во мак-фудбалот е во завршна фаза

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираа денеска дека веќе се во процес за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата лига (1.МФЛ). „Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

27 (33) ■ спорт > кошарка > нба ■ 08-Apr 19:45 -> 10-Apr 16:53
.
.
.
.

Перкинс го обвини Јокиќ за отказот на Мелоун (ВИДЕО)

  • Изјавата на Јокиќ за отпуштениот тренер Мелоун

  • Шекил збесна по отказот на тренерот на Јокиќ: Имам порака за сите идиоти

  • Шок пред плејофот: Јокиќ остана без тренер!

Поранешниот НБА играч, Кендрик Перкинс смета дека Никола Јокиќ бил вмешан во шокантното отпуштање на Мајкл Мелоун.

Никола Јокиќ и Мајкл Мелоун имаат посебен однос, станаа одлични семејни пријатели и соработници на паркетот и надвор од него.

Денвер го отпушти Мајк Мелоун по десет години, и покрај тоа што во 2023 година го донесе првиот шампионски прстен во Колорадо.

Денвер нагетс по четирите порази по ред во НБА-лигата донесе шокантна одлука и го избрка тренерот Мајк Мелоун, кој седеше на кормилото на клубот дури 10 години и им донесе историска титула во најсилната кошаркарска лига.

Повеќе од
оваа категорија

95 (4) ■ бизнис > свет ■ 10-Apr 08:09 -> 10-Apr 09:51
.
.
.
.

Историски скок на Волстрит, каков што не се случил во последните 17 години

  • Историски скок на Волстрит, откако Трамп ги одложи царините

Одложувањето на царините помалку од 24 часа откако беа воведени следеше по најголемиот четиридневен пад на цените на акциите од кризата со коронавирусот, при што индексот S&P 500 падна за 12 проценти На Волстрит, индексот S&P 500 скокна за 9,5 проценти, што е неговиот најголем дневен скок во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителните царини за сите земји освен за Кина Индексот Dow Jones порасна за 7,87 проценти, на 40.608 поени, додека S&P 500 скокна за 9,52 проценти, на 5.456 поени, а индексот Nasdaq скокна за 12,16 проценти, на 17.124 поени.

На Волстрит, индексот S&P 500 скокна за 9,5 отсто во средата, што е негов најголем дневен скок во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителни, реципрочни царини за сите земји освен за Кина.

132 (11) ■ бизнис > економија ■ 08-Apr 15:00 -> 09-Apr 10:01
.
.
.
.

МАКЕДОНИЈА ПРИФАЌА И ЦАРИНСКА СТАПКА НУЛА ЗА СТОКИТЕ ОД САД Димитриеска-Кочоска не очекува негативни ефекти врз буџетот од царинската политика на Трамп

  • Димитриеска Кочоска: Имаме проблем само со една компанија која директно зависи од извозот во САД и сега тој проблем го решаваме

Министерката за финансии не очекува негативни ефекти од царинската стапка на САД врз македонската економија и буџетот, ниту пак очекува некаква брзи негативни ефекти врз извозот, компаниите и отпуштање на работници.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е во постојана комуникација со САД за проблемот со царините и очекуваме во најскоро време да има разрешница иако директните ефекти од воведувањето на американските царини не се големи кога станува збор и за извозот и за увозот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

238 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 08-Apr 11:46 -> 08-Apr 14:16
.
.
.

Алкалоид и универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

  • АЛКАЛОИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Фокусот ќе биде на одржливи фармацевтски пакувања

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски; деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, проф. д-р Милка Здравковскa, и генералниот директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, проф. д-р Милка Здравковскa, и генералниот директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.