„Никој нема да се извлече со неправедните трговски биланси, особено не Кина, која нѐ третира убедливо најлошо! објави Трамп Не поминаа ни два дена од објавата дека смартфоните, компјутерите, полупроводниците, рамните екрани... се ослободени од царина, а од редовите на американската администрација пристигна нова конфузија, нови изјави за нови намери и нови царини токму за неодамна објавените ослободувања.
Веста навистина не може да се нарече неочекувана, бидејќи Трамп и неговите луѓе кои се занимаваат со царината продолжуваат секојдневно да издаваат закани, соопштенија и навистина нови правила.