Ваквата размена на податоци ја зголемува ефикасноста при работењето и го зголемува задоволството од услугите кои им се нудат, додаде Андоновски Министерот за дигитална трансформација напомена и дека најактивни институции на платформата се Царинската управа, Народната банка, Министерството за внатрешни работи, а кон трансакциите на платформата особено допринесуваат и услугите од Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. А дека во поактивните субјекти изминатиот период се и Министерство за социјална политика, демографија и млади, Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенција за вработување.