Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.
Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Press24