Така, од октомври 2024 година, сетот на податоци за финансиските сметки е збогатен со квартални и со годишни консолидирани состојби, а до крајот на 2025 година би требало да бидат објавени и податоци за финансиските текови по сектори.
На средбата, како што велат од Народна банка, се зборувало и за подобрувањата во екстерните статистики, коишто овозможија скратување на роковите за изработка и за доставување на месечните податоци за билансот на плаќања и кварталните податоци за меѓународната инвестициска позиција до Евростат, во согласност со стандардите и барањата на ЕУ. -Во областа на монетарната статистика е започната и доброволна размена на податоци за каматните стапки со Европската централна банка, се наведувва во сооопштението. Kanal5