Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Skopjeinfo
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на 8-ми овој месец изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да испитаат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат отстапувања во работењето, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи.
“Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки”, рече Дурмиши на прес-конференција, посочувајќи дека меѓу мерките за кои се размислува е и да се зголеми процентот на маржата. лв/аа/фото. Biznisvesti