Новиот инвестициски циклус, кој ќе биде поддржан преку стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го носи проектнотo финансирање во нашата земја и реализација на проекти како во сите други европски земји.
Изборот на фирми од Обединетото Кралство што ќе ги градат брзата пруга од Табановце до Гевгелија и неколкуте болници ќе се прави врз основа на Законот за јавни набавки, кој има јасни одредби што се случува при вакви договори „влада со влада“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тоа, додава таа, значи дека нема да има само една, туку повеќе понуди.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството, во износ од околу 2,2 милијарди евра.