Грција започнува итна модернизација на граничниот премин Евзони со цел да се забрзаат пасошките и царинските контроли и значително да се скрати чекањето на туристите што влегуваат и излегуваат од земјата.
Грција започнува итна модернизација на граничниот премин Евзони со цел да се забрзаат пасошките и царинските контроли и значително да се скрати задржувањето на туристите што влегуваат и излегуваат од земјата, објави Националното здружение на туристички агенции на Србија (YUTA). Како што објави ЈУТА, одлуката е донесена на проширен состанок што заеднички го свикаа заменик-министерот за внатрешни работи за регионот Македонија-Тракија, Константинос Гкулекас, и секретарот на Децентрализираната администрација на Македонија-Тракија, Јоанис Савас.