Се случи нова дипломатска пресметка меѓу САД и Русија, откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи за можноста од Трета светска војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „си игра со оган“, јавува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес јасно стави до знаење дека губи трпение со рускиот претседател Владимир Путин , остро критикувајќи го по последните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев и други украински градови, трета ноќ по ред, но исто така му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не си прави никаква услуга со она што го кажува.„ Отсекогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случи.