Технолошкиот гигант „Мета“ планира значително да ја прошири употребата на вештачка интелигенција во процесот на вработување во текот на втората половина од оваа година, според интерни документи објавени од „Бизнис инсајдер“.
Американската технолошка корпорација „Мета“ потпиша договор со „Констелејшн енерџи“ за купување на 1,1 гигават нуклеарна енергија од електраната Клинтон, Илиноис, почнувајќи од јуни 2027 година.Договорот, кој ќе важи 20 години, го опфаќа целото производство на постојниот реактор и ќе овозможи продолжување на работата и повторно лиценцирање на електраната, која без договорот би била во опасност од затворање.