Првиот настан од оваа серија под наслов „Можностите на новиот закон за енергетика, со особен осврт на мрежните оператори и електродистрибуција на електрична енергија“, се одржа во едукативниот центар на Матка, во присуство на Александар Пауноски, Заменик директор на МЕПСО и Сашо Салтировски, Директор на Електродистрибуција, Настанот го отвори Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање нагласи дека законот, кој опфаќа над 300 страници детална регулатива, претставува историска реформа во македонскиот енергетски систем: „Овој закон конечно ги модернизира ’правилата на играта‘ – од производство до потрошувачка. Kanal5