На маргините на македонско–италијанскиот бизнис форум кој денеска се одржува во Скопје, утрово министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со заменик-министерката за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Марија Триподи.
Во рамки на Бизнис форумот „Италија – Македонија“, кој денес се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари билатерална средба со заменичката министерка за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Марија Триподи.