Министерство за европски прашања Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од утре ќе престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки се планирани средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas). Како што информираат од МЕП, дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во својство на национален координатор за Инструментот за реформи и раст, утрово копретседаваше со Првиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан (RGF), кој денеска, во хибриден формат, се одржа во Владата на Република Македонија.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на Панелот 2 на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст кој се одржува во Скопје, информираат од Министерството за европски прашања.