Македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44%, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15%.
Во истиот период, увозот е зголемен за само 1%, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Denesen
Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи, напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Податоците, според Муцунски, го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, и дека „дури и во услови на стагнација на европскиот пазар државата има стабилни и позитивни трендови во извозот“. Sitel