Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија истакна дека нема да има данок за неженети и немажени, туку целта е да има дебата, да се крене свесноста и додаде дека Владата ќе има мотивирачки мерки и субвенции, мора да се работи за наталитетот, затоа што Македонија тивко умира.
Реакција на Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.
„Се извинувам ако некој погрешно ме сфатил, нема никакви даноци“, рече Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за најавеното воведување даноци за самци, што во изминативе денови ја разбранува јавноста во земјава.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана.