На европските берзи, цените на акциите пораснаа четврти ден по ред, бидејќи Вашингтон и Брисел сигнализираат дека наскоро може да се очекува трговски договор меѓу САД и Европската Унија.
MSCI индексот на азиско-пацифички акции во 7:00 часот беше во плус 0,2 проценти.Притоа, цените на акциите во Хонгконг, Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,3 проценти, додека во Индија и Јапонија паднаа меѓу 0,2 и 0,6 проценти.Така, повеќето берзански индекси го следат вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит.