Социјалните мрежи овие денови не им простуваат на КАМ маркетите.
Под последната објава на официјалната Facebook страна на ланецот, се собраа десетици негативни коментари, сите со заедничка порака: „КАМ одамна не е тоа што беше.“ „Страшни цени, ненормално покачување, не се трпи веќе“, „КАМ е скап, прескап“, „А уште да ги има производите, супер!“, „Дојдов по кафе, излегов со кредит“ – се само дел од реакциите на разочараните купувачи кои очигледно веќе не веруваат во поимот „дисконт“.