Фото:Шпаркасе банка Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и јавноста дека денеска започнува нова промотивна понуда за штеден производ – „Депозит плус“, достапен во евра и со зголемена и загарантирана каматна стапка за целиот период на орочување.
Минималниот износ на влог изнесува 100 евра, а понудата им овозможува на клиентите да изберат помеѓу два периода на орочување, во зависност од нивните преференции, и тоа: 12 месеци со каматна стапка од 2,30% 25 месеци со каматна стапка од 2,60% Оваа промотивна понуда е валидна до 31 август 2025 година, овозможувајќи им на штедачите сигурност и предвидливост, во услови на постојани финансиски промени. Novamakedonija