Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем. Mk
Народната банка и натаму активно ќе работи на поедноставувањето и намалувањето на трошоците за плаќањата во земјава и кон земјите од СЕПА со крајна цел ‒ подобра услуга за граѓаните и поволна деловна средина за компаниите, нагласуваат од Народната банка.
На истата седница Советот на Народната банка го усвоил и Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2025 година. Kanal5
Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.
Советот на Народната банка ја усвои и Одлуката за воведување нов систем за прибирање и доставување податоци од банките и штедилниците. Plusinfo
Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики.
Воспоставениот модел го поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај НБ, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните, истакна Славески. Faktor
Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, како што рече денеска гувернерот Трајко Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите. Denesen