Управата за јавни приходи во јуни и првата половина од јули годинава при контрола на 883 даночни обврзници, казнила 294 субјекти кај кои се утврдени неправилности.
Како што соопшти УЈП, изречени се 212 глоби за неиздавање фискални сметки, 49 за неводење книга за дневни финансиски извештаи, 20 глоби за фискални сметки без пропишани елементи, осум за нерегистрирана резервна фискална апаратура, две глоби за неисправен фискален апарат и по една глоба за неиздавање парагон-блок, за некористење одобрен фискален апарат и за неводење итна сметководствена книга Контролите биле насочени кон трговци, угостители низ целата држава и кај субјекти кои вршат дејност во туристички места и локации со зголемена фреквенција на посетители, како што се угостителски објекти, аква – паркови, плажи, базени и објекти за изнајмување спортско-рекреативна опрема.