Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, Владата ги помага земјоделците и да извезуваат и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави: „Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците.