Biznisvesti
Во текот на 2024 година, најголема вредност на е-трансакции, во износ од 41,9 милиони евра, Македонците оствариле во Холандија, додека најголем број на трансакции, 1,37 милиони, се направени во Ирска.
Најголем скок во бројот на е-трансакции во 2024 година е забележан во Грција (207,9%), Литванија (162,1%) и Ирска (140,7%), додека во вредноста на трансакциите, најголем пораст има во Литванија (221,7%), Ирска (58,7%) и Обединетото Кралство (58,6%). Спротивен тренд е забележан кај бројот на е-трансакциите (-65,6%) и вредноста (-3,2%) кон Германија. Biznisvesti