Предложената Мултигодишна финансиска рамка (МФР) на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година не ги зема предвид интересите на локалните и регионалните заедници и „ги става на страна“ градовите и регионите во интерес на поголема централизација, рече претседателката на Европскиот комитет на регионите, Ката Тите, во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА. Biznisvesti
Кохезивната политика на ЕУ има за цел намалување на нееднаквоста меѓу регионите и земјите членки и промовирање на економска, социјална и територијална кохезија во Унијата.
Таа се фокусира на инвестициска поддршка на создавањето нови работни места, зајакнување на конкурентноста на бизнисот, поттикнување на економскиот раст и одржливиот развој и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните. сп/Фото: ЕНР . Извор: МИА. Biznisvesti