Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, од денес до четврток ќе престојуваат во посета на Јапонија и Кина, каде што ќе учествуваат на самитите меѓу ЕУ и двете држави. Biznisvesti
Утре, Кошта и Фон дер Лајен во Токио ќе ги посетат компанијата која развива напредна индустриска опрема и прецизна машинерија „Хитачи“ и Токискиот центар за спречување на катастрофи.
Во попладневните часови по локално време, Кошта и Фон дер Лајен ќе се сретнат со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, по што заедно ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Јапонија. Nezavisen
Самитот ќе биде насочен кон понатамошно зајакнување на релациите меѓу ЕУ и Јапонија, најмногу во областите на безбедноста, одбраната, трговијата и економската издржливост, како и за поддршката на мултилатерализмот и меѓународниот поредок базиран на правила.
Лидерите ќе дискутираат за резултатите од Договорот за економско партнерство и поблиска соработка во развојот на робусни синџири на снабдување и на иновациите и во зелената и дигиталната транзиција. Biznisvesti