Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“), што денеска се одржува во Рим, Италија.
На форумот, на кој учествуваат министри за туризам од Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Црна Гора и од Македонија, како и претставници на бизнис секторот од Италија, се одржаа неколку панел-дискусии посветени на создавање нови заеднички туристички програми, производи и иницијативи за подобро интегрирање на балканскиот и медитеранскиот туристички простор. како и претставници на бизнис секторот од Италија, Во своето обраќање, министерот Љутков пред присутните ја нагласи потребата од регионална интеграција во туризмот, потенцирајќи дека Балканот треба да се гледа како единствена туристичка целина, а не како изолиран пазар.