Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека губи трпение со рускиот претседател Владимир Путин и упати некои од своите најостри критики досега кон шефот на Кремљ откако Москва исфрли ракети и беспилотни летала врз Киев и други украински градови трета ноќ по ред.
Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.