Промената првпат ја забележа Business Insider, кој ја нарече апликацијата едно од најдепресивните места на интернет поради огромната количина на интимни, засрамувачки, па дури и лично препознатливи информации што корисниците на Meta AI - очигледно несвесно - ги споделуваат јавно преку вградениот фид „откриј“.Иако Meta AI не ја споделува историјата на разговорите на корисниците по дифолт, се чини дека многу корисници ја избрале опцијата сами да споделуваат интеракции, не сфаќајќи дека тоа ќе ги направи нивните гласовни и текстуални разговори видливи за сите. Vecer