Претседателката на Советот на регионите смета дека кохезивната политика треба да остане самостојна ставка, а не дел од некаков пакет.
“Таа е дизајнирана да биде алатка за стабилизирање, долгорочен поттик и интегрирање и за проток на енергија на сите различни европски политики”, вели Тите, додавајќи дека ЕУ треба повеќе да инвестира во својата база, а не “во изградба на Вавилонска кула”. Biznisvesti
Тоа навистина го крши ‘рбетот на кохезивната политика, смета Тите.
Таа ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека создала ситуација на „Игри на гладот“ во која регионите и градовите ќе се натпреваруваат за својот дел од еден „запечатен контејнер со средства“ и се оставаат „меѓусебно да одлучуваат кој што ќе добие“. Denesen
Она што го гледаме го нарекувам чудовиште што ја проголта кохезијата, изјави Тите.
Со предлогот се предвидува, префрлање на надлежноста за распределба на 50 отсто од средствата за кохезивна политика и за земјоделски програми на властите на земјите членки на ЕУ врз основа на националните планови за инвестиции и реформи. Denesen
Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ (МФФ) за периодот од 2028 до 2034 година не ги зема предвид интересите на локалните и регионалните заедници и „ги става на страна“ градовите и регионите во интерес на поголемата централизација, изјави претседателката на Европскиот комитет на регионите, Ката Тите во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. Nezavisen