Од Регулаторната комисија за енергетика која ги носи овие правила тврдат дека доследно се почитува одлуката на Уставниот суд иако нема измени во текстот на Правилникот, бидејќи укинатите делови од спорниот член се вон сила. на 20 мај годинава донесе одлука со која се укинува член 54-а став 1 точки 1, 2 и 4 од Правилата за изменување и дополнување на правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 233/2020). Според оваа одлука не треба да се применуваат точките 1,2 и 4 од овој член кои гласат: Сопственикот на посебниот дел од објектот бара да се исклучи од системот за централно греење ја спроведува следната постапка: 1. обезбедува писмена согласност за исклучување од системот за топлинска енергија од мнозинство од вкупниот број сопственици на посебни делови од објектот, 2. по добивање на писмената согласност барателот е потребно да изготви проект за греење со кој ќе се предвиди алтернативниот систем за греење ќе се користи по исклучувањето, 3. обезбедува подобри енергетски перформанси, односно е поефикасен и еколошки поприфатлив и го намалува користењето на примарна енергија во споредба со системот за централно греење на е приклучен, земајќи ја енергијата потребна за екстракција, конверзија, транспорт и дистрибуција, 4. барателот му го доставува на снабдувачот проектот за греење со барање за негово одобрување и реализирање. Plusinfo