Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
37.11
17.81
0.28/0.90
4.00
2.27
0.57
354.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 48.2
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 48.2
Mk

Токму во духот на овие заложби, Халкбанк беше дел од две престижни коференции посветени на унапредување на родовата еднаквост.

Г-динот Беркан Имери, извршен директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје учествуваше на Конференцијата „Унапредување на родовата еднаквост во глобалното лидерство“, во организација на регионалната непрофитна организација Women on Boards Adria (WOBA). Тој посебно се осврна на стратегиите што ги воведе Халкбанк за да ја зголеми застапеноста на жените во различните лидерски улоги и еднаков третман на вработените на сите работни позиции, со давање осврт кон поддршката на жените во надворешниот свет преку пакетот финансиски производи за финансиска независност на жените Халкбанк АД Скопје беше дел и од Конференцијата EqualXChange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys во организација на Gender Equality Alliance, каде Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации, во рамки на еден од панелите, зборуваше за иновативната кампања на Халкбанк за жени претприемачи наречена „Фустани со џебови“, фокусирајќи се на родовата еднаквост и вклученоста на жените во бизнисот, што веќе резултираше со тренд на зголемена свест и активирање на жените во сите сфери на бизнис секторот. Mk