Имајќи предвид дека последните задолжувања коишто, или последното големо задолжување кое што го направивме како Влада е насочено кон инфраструктурни проекти, кон проекти за општините, кон поддршка на стопанството очекувам дека на некој среден рок иако и за 2025 дефинитивно имаме проекции над 3,5 проценти, односно 3,7 проценти раст на БДП и сега гледано од аспект на глобалната економија и на она што се случува во Германија и на политиките на Владата насочени кон инвестиција, не потрошувачка, повеќе од јасно кажуваат дека ќе можеме да го оствариме тоа ниво на раст кое што ни е планирано, а секое поголемо ниво на раст на БДП дефинитивно на некој среден рок ќе даде намалување на јавниот долг, рече Димитриеска-Кочоска. Republika