Не помалку значајни се и донациите на Банката во медицински помагала кои ги користат пациентите со цистична фиброза во домашни услови - спирометри, инхалатори, стерилизатори и помагала за физикална терапија кои ги користат сите пациенти на возраст над 4 години, а служат за прочистување на белодробието на пациентите од секреција.
„Во име на нашето здружение, би сакале да изразиме искрена благодарност за вашата непоколеблива поддршка и великодушност во изминатите две години. Faktor
Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние кои живеат со оваа ретка состојба.
Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за цистична фиброза при Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, за која неодамна со поддршка на НЛБ Банка беше набавен и вибромасажер за физикална терапија во болнички услови, неопходен во третманот на пациентите. Biznisvesti