За денар поевтинуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС - 98, 71 денар на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Поскапува Мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари. Faktor
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5679%.
Од 3.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,258 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/ли. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,521 ден/кг и сега ќе изнесува 45,258 ден/кг Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.12.2024 година. Mk