Со цел да обезбеди подобра иднина за децата без родители и родителска грижа, но и да ги поттикне граѓаните индивидуално да донираат во рамки на своите можности, Веро во празничниот месец декември повторно ја организира традиционалната донаторска кампања „Заокружи сметка“. Sitel
При плаќањето на каса, потрошувачите можат да ја „заокружат“ сметката со дополнителен износ по свој избор и според своите можности и на тој начин таа дополнителна сума да ја донираат за децата од СОС Детско село.
Со донацијата овозможуваат секое дете да има весели празници, но и помагаат за посветла иднина на децата без родители и родителска грижа. Faktor